Словенечкиот амбасадор во НАТО, Андреј Бенедејчич, е повикан во МНР по медиумските извештаи дека е осомничен за шпионирање во корист на Русија, објавија словенечки медиуми.
Одговорот од МНР на Словенија на медиумските написи е дека не располагаат со никакви официјални информации, но дека амбасадорот е повикан на консултации и оти тврдењата во весниците „детално се проверуваат“.
Весникот „Репортер“ укажува дека Бенедејчич бил осомничен дека шпионирал во корист на Русија.
Истрага во НАТО побарала Полска кои изразиле загриженост дека Бенедејчич шпионира во корист на Русија. Бенедејчич претходно бил и амбасадор во Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.