| четврток, 6 декември 2018 |

За атеистите нема место во американската авијација

Американската Воена авијација му порачала на еден млад војник дека ќе мора да ја напушти војската доколку не положи заклетва која ја вклучува и изјавата: „Па, Господ да ми помогне“.

avijacija

Во последната религиска контроверза во САД, на атеистот минатиот месец му е одбиено барањето повторно да се ангажира затоа што не сакал да положи заклетва пред Бог.

Поради тоа што рокот за нови ангажмани истекнува во ноември, младиот војник  во Крич еар форс база во Невада, чие име не е објавено, ќе мора да ја тужи владата пред федералниот суд.

Претходно, припадниците на воената авијација во Америка можеле да се одлучат за алтернативни фрази во текот на положувањето заклетва, наместо спорните „па Господ нека ми помогне“, но тоа се промени во октомври 2013 година.

Другите гранки на американската војска не бараат обраќање до Бога.

Ова барање на авијацијата го крши американскиот Устав кој спречува дискриминација врз основа на религиско убедување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top