| четврток, 6 декември 2018 |

Балотели почна да носи профит во Ливерпул

Уште првиот ден од продажба на дресовите на Балотели, Ливерпул, кој за Италијанецот плати 16 милиони фунти, заработи 50 илјади фунти.

Можеби продажбата не е толку ефикасна како, на пример, во Реал, но доколку продолжи продажбата со тоа темпо „црвените“ во првата година од договорот само со продажба на дресови ќе ги вратат парите платени за Балотели.

Не се сомневаме дека оваа сезона бројот 45 ќе биде чест на трибините на „Енфилд роуд“, но сепак легендарната „осумка“ на Стивен Џерард е незаменлива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top