| четврток, 6 декември 2018 |

Мајка на украински војник ја добила неговата глава по пошта

Мајка на украински војник, кој бил заробен во судирите со проруските сепаратисти, тврди дека ја добила неговата отсечена глава во дрвена кутија. Вчеравечер на социјалните мрежи почнале да кружат фотографии на кои се прикажани глави на двајца заложници. Едната глава ја препознала мајката на заложникот која потврдила дека нејзиниот син учествувал во борбите во Донецк.

-

Оваа вест доаѓа откако „Амнести интернешнал“ објави соопштение во кое тврди дека има документирани докази за воени злосторства кои се извршени на двете страни во судирот во источна Украина. Според АИ, сепаратистичките групи со поддршка на руските сили извршиле повеќе кршења на човековите права во изминатите пет месеци откако траат судирите, додека, од друга страна, за злосторствата е одговорен украинскиот баталјон Аидар. Меѓу документите во посед на АИ се сателитски снимки и изјави на сведоци кои го потврдуваат дека руското учество во судирот и кои би можеле да ги направат Русите одговорни за воени злосторства во таа земја. АИ побара состанок со претседателот на Русија, Владимир Путин, и со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, но повиканите не одговориле на повикот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top