| четврток, 6 декември 2018 |

Јолевски: Македонија ќе ги поддржува сите иницијативи за одржување на мирот и стабилност а

Во организација на Маршал центарот на Република Македонија, а под покровителство на Секторот за јавна дипломатија на НАТО и Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“, денеска во Охрид почна тридневниот форум на тема „Самитот на НАТО во Велс: иднината на алијансата и регионалната стабилност на Западен Балкан“.

Zoran-Jolevski-int96-2

Најдобриот начин за заеднички придонес, како за регионалниот така и за светскиот мир и безбедност, е размената на мислења и дискусиите за глобалните и регионалните предизвици, токму на ваков тип форуми, рече министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, кој го отвори форумот.

Министерот Јолевски во обраќањето нагласи дека Република Македонија останува посветена на споделување на заедничките вредности на алијансата и во иднина и силно ќе ги поддржува сите иницијативи кои ќе придонесат за зачувување на мирот и стабилноста во регионот и пошироко.

На отворањето на форумот обраќање имаа и претседателот на Маршал центарот во Република Македонија, проф. д-р Стојан Славески и Дин Двиганс, директор на Алумни програмата на Европспкиот центар за безбедносни студии, „Џорџ Маршал“.

На оваа работилницата учествуваат триесетина експерти од државите од регионот, меѓу кои универзитетски професори, политичари, претставници од НАТО канцеларијата за врски и од дипломатскиот кор на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top