Пробиен е дел од браната во селото Липа, Неготинско, и постои опасност целосно да попушти, што може да предизвика катастрофални последици, човечки жртви и поплава врз околните земјоделски површини, алармираат од месната заедница и Здружението на граѓани од селото Липа. Проблемите со браната настанале како последица од поројните дождови.
За проблемот се информирани локалната самоуправа, комуналниот инспектор, Центарот за управување со кризи и Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Жителите од селото Липа се иселени, но постојано го посетуваат, а особено оние што имаат обработливи земјоделски површини. Мал е бројот на оние што живеат во селото цела година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Силно невреме ја зафати Црна Гора: Поплавени улиците, отежнат сообраќајот (видео)
-
Поради недостаток на доктори: Матичните лекари ќе дежураат во Итна помош во Неготино
-
Нова трагедија во Италија: Поплава однесе најмалку осум животи
-
Две години од поплавите во кои загинаа 22 лица: Никогаш да не ни се повтори!


