
Нова демократија и ПАСОК до крајот на денов мора да одговорат на барањето на грчкиот финансиски обвинител Григорис Пепонис кој од нив побара повеќе информации во врска со финансирањето на партиите.
На крајот од јануари, Пепонис ги повика претставниците на Нова демократија и ПАСОК да дадат објаснувања за големите заеми кои двете партии ги добиле од неколку банки, како дел од истрагата за политички средства.
„Катимерини“ тогаш пишуваше дека Пепонис од претставници на двете партии побарал да одговорат на прашања во врска со комбинираните долгови кон банки во висина од околу 250 милиони евра.
Нова демократија, наводно, на АТЕ банката и должи околу 105 милиони евра, а на банката Пиреја 15 милиони. ПАСОК, наводно, позајмил 97 милиони евра од АТЕ банката, 22 милиони од банката Атика, 10 милиони од Марфин и пет милиони евра од банката Пиреја.
Пепонис ги испитува околностите под кои биле доделени овие заеми и дали се прекршени некои закони. Постои сомневање дека двете партии ставиле под хипотека државни средства кои ги добиваат сите партии за да добијат кредит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


