| четврток, 6 декември 2018 |

Путин наредил итна проверка на борбената готовност на војските

Врховниот командант на руските вооружени сили, претседателот на Русија Владимир Путин нареди итна проверка на борбената готовност на целиот состав на силите во Источниот воен округ, изјави денеска на советувањето со раковдството на вооружените сили министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

wladimir-putin-russland-syrien

– Во согласност со неговата наредба денеска во десет часот по московско време воените сили на Источниот воен округ, а исто така и единиците и силите распоредени на негова територија, се ставаат во состојба на целосна воена готовност – истакна Шојгу.

Тој им нареди на воените власти и на воените сили да излезат на полигоните, каде што ќе биде спроведена подготовка за исполнување на задачите преку тактички вежби.

– Особено внимание при проверката треба да се оддели на прегрупирањето на војските на големи растојанија како приоритетна задача на Источниот воен округ. Треба да се прошири системот за управување на материјално-техничкото снабдување и медицинското обезбедување – додаде Шојгу.

Министерот истакна дека освен итната проверка на воените сили, Путин им препорачал на Министерството за одбрана и на Главната команда на специјалните програми да извршат проверка на повеќе министерства и служби и на структурите, кои се под нив, а исто така и на администрациите на сите облати од рускиот Далечен Исток, на нивната готовност за извршување на задачите во услови на војна.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top