
Илија Псалтиров е новиот македонски амбасадор во Казахстан. Тој ќе биде првиот македонски амбасадор во таа земја. Псалтиров има кратко работно искуство во МНР. Тој е доктор по економски науки, а има магистратура од Европскиот колеџ во Варшава.

Псалтиров е инаку поранешен пејач кој кариерата ја почна во 1997 година на Скопскиот фестивал, со песната „Во одаите на мојата душа”, а го имаше речиси на сите домашни фестивали. Учестуваше и на фестивалот во Загреб, на „Шансон фест” потоа „Будва 2000″ и „МУФ Вобан Зрењанин 2001“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


