На Бит-пазар е во тек акција за отстранување на тезгите на дивите препродавачи поради што има и зголемено присуство на полициja. Отстранети се сите нелегално поставени тезги на тротоарот долж булеварот „Крсте Петков Мисирков“ од раскрсницата со булеварот „Гоце Делчев“ до тезгите на кои се продаваат цвеќиња. На овој тротоар на монтажни тезги се продаваше сѐ, од облека, папучи, ташни до секакви делови за техника.

Фото: Вечер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


