| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес ја погоди Романија

Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала беше регистриран синоќа во 22.45 часот по локално време (21.45 часот по средноевропско време) во сеизмичката зона Вранча во југозападниот романски округ Бузу, соопшти романскиот Национален институт за геофизика.

Потресот се случил на длабочина од 107 километри под површината на земјата.

Најсилниот земјотрес во Вранча оваа година се случи на 29 март и беше со интензитет од пет степени според Рихтеровата скала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top