Германската канцеларка Ангела Меркел во генерална дебата во Бундестагот за буџетот повторно се согласи за остра финансиска дисциплина и курс на штедење и реформи.
– И тоа што важи за Германија, непроменето исто така важи и за Европа – рече Меркел и додаде дека состојбата сега, како и порано, и наспроти најновите реформски успеси и натаму е слаба.
Меркел ги бранеше минатонеделните одлуки на НАТО во врска со Русија и потенцира дека мора да се обезбеди слобода за Украина, но и потребата за преговори со Москва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


