Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Кон крајот на денот ќе има изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, особено во западните подрачја. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој ќе биде повеќе изразен долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 23 до 30 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен југоисточен ветер. Кон крајот на денот можна е изолирана појава на краткотраен пороен дожд со грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 29 степени. Ув-индексот ќе изнесува 5.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.