
Скршено срце и тага која ја чувстуваат вљубените откако ќе го загубат партнерот, посебно постарите, може многу лошо да влијае на нашиот имунолошки систем. Затоа, повозрасните често умираат многу брзо по смртта на својот партнер, покажа новото истражување.
Процесот на жалење за загубената личност може да предизвика нерамнотежа во лачењето на хормоните кои негативно се одразуваат на бројот на имуно-келиите, тврдат научници од Универзитетот во Бирмингем.
Тие неодамна спроведоа истражување кои опфати 100 пациенти од кои половина биле постари од 65 години, а останатите биле во старосна група од 18 до 45 години, пренесува „Дејли телеграф“.
Во секоја група, половина од испитаниците неодамна ја загубила саканата личност. Другата половина испитаници биле во среќна врска. Дисбаланост на клучните хормони се јавил само кај оние пациенти кои жалеле за загубениот партнер.
Тоа посебно било забележано во групата кај постарите лице, додека помладите имале посилен имуно-систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


