| четврток, 6 декември 2018 |

Дејвид Бекам ги советува Кејт и Вилијам: Поспијте малку пред да се роди второто бебе

sinot-na-bekam3

Дејвид Бекам, кој има четири деца, ги советува принцот Вилијам и војвотката Кејт и им дава родителски совети на кралската двојка која соопшти дека го чека своето второ дете.

– Поспијте малку, зашто скокот од едно на две деца е голем чекор – и покрај тоа што јас мислам дека скокот од две на три е поголем – ги посоветувал тој Вилијам и Кејт.

И покрај тоа што им предвидува непроспиени ноќи, Дејвид опишал колку бил возбуден од веста.

– Многу сум среќен за обајцата зашто тие се многу добри родители, а очигледно да бидеш добар родител и да ги имаш улогите што тие ги имаат, толку важни улоги, е нешто неверојатно – рекол Бекам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top