| четврток, 6 декември 2018 |

Бојкот на наставата со средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“

marija_kiri_sklodovska

Учениците Албанци од средното училиште „Марија Кири Склодовска“ ја бојкотираат учебната година и не одат на училиште.Родителите на учениците поставиле низа барања до училиштето и се заканиле дека нема да ги пуштат своите деца доколку не им бидат исполнети.

Основното барање е учениците да имаат наставници по сите предмети кои ќе се одвиваат на нивниот мајчин јазик. Директорот Павле Павлов го оправдува ова барање, но вели дека не зависи од него.

Родителите на овие ученици побарале во комисиите и училишните одбори да бидат ангажирани вработени од албанскиот етникум, инсистираат и  психологот, педагогот и заменик – директорот да бидат од оваа заедница, а таблата на училиштето да биде двојазична.

Во средното училиште „Марија Кири Склодовска“ од вкупно 42 одделенија,16 се со ученици албанци кои веќе цела недела не одат на училиште.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top