
За едно деноноќие се регистрирани три нови случаи на жолтица во Скопје. Новозаразените се деца од Шуто Оризари. Двете деца се на 8 годишна возраст, а третото дете има 11 години. Две од новозаболените се сестри, информираат од Центарот за јавно здравје Скопје.
Во текот на продолжениот празничен викенд беа пријавени 9 заразени деца со жолтица на училипна возраст. Во текот ан епидемијата во главниот град во текот се евидентирани вкупно 124 лица со хепатит А.
Од скопскиот Центар за јавно здравје најавија дека во училиштата во главниот град ќе биде направена повторна дезинфекција за да се спречи ширење на заразата меѓу учениците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


