Пред Ликовниот салон во Велес деновиве е направена првата голема шаховска табла на плочникот, а донесени се и фигури за играње за шах кои се чуваат во салонот.
Шаховската табла ја постави Оштина Велес, која ги повикува љубителите на шах бесплатно да играат шах на отворено со своите пријатели.
Како што информира Мартин Мајсторов портпарол на општина Велес, се вршат подготовки деновиве и званично да започне играта на шах на отворено.
– Во преговори сме со шахистите од градот да се вклучат и да играат шах на отворено, изјави Мајсторов и додаде дека шаховски табли на отворено има во сите поголеми градови во Европа и светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.