| четврток, 6 декември 2018 |

Хан: Почестен сум што ќе го водам проширувањето и соседската политика

Идниот комесар за преговори за соседска политикаи преговори за проширување, Јоханес Хан, кој од 1-ви ноември треба да го превземе местото на Штефан Филе откако денеска беше предложен од новиот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, истакна дека е почестен што го добил овој ресор.

Johannes-Hahn

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Хан кој во моментов е еврокомесар за регионална политика, во соопштение до медиумите истакна дека го поздравува силниот тим што го најави новоизбраниот претседател на Еврокомисијата и дека “со нетрпение очекува да работи со новите колеги”.

– Почестен сум и возбуден што претседателот ми го довери ова значајно портфолио за ЕУ кое се состои од доволно одговорности за соседската политика и преговорите за проширувањето.

Сега ќе започнам да се подготвувам за моето сослушување во Европскиот парламент и со нетрпение ја очекувам оваа важна размена со европарламентарците – истакна Хан.

Според наследникот на Филе, односите на ЕУ со нејзините соседи на Истокот и Југот се поважни од кога било, како и предизвикувачки и тој со нетрпение очекува да работи тесно со идната Висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на Унијата, Федерика Могерини, која како потпретседател на Комисијата ќе биде негов контролор.

– Соседската политика е блиску до моето срце. Тоа е на многу начини природна прогресија од работата што досега ја извршував како комесар за регионална политика. Градењето врски, помагајќи региони да застанат на свои нозе и конкретни акции за доставување и промовирање на безбедност и просперитетот со пренесување на европските вредности се нешто што досега го правев. Со нетрпение очекувам да почнам да работам што е можно поскоро – додава Хан.

Во соопштението на неформалната Влада на ЕУ за изборот на новите комеари и нивните нови портфолија, пак, во однос на “комесарот за соседска политика и преговори за проширување”, Жан-Клод Јункер наведува дека ова портфолио е така именувано поради тоа што нема да има проширување во наредните пет години, но дека е насловено “преговори за проширување” поради тоа што се очекува земјите-кандидати и потенцијални кандидати, меѓу кои е и Република Македонија, да преговарат или да започнат со пристапните преговори и истите да се одвиваат во овој период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top