Биолозите од Универзитетот во Калифорнија тврдат дека пронашле начин за забавување на процесот на стареење со „далечинско“ активирање на гените.
Научниците од Институтот за молекуларна биологија овој месец објавиле труд во кој се наведува дека успеале да го активираат генот АМПК кај винските мушички, благодарејќи на кого нивниот животен век е продолжен за околу 30 отсто.
Овој третман во иднина би можел да се употреби и за продолжување на човековиот животен век и спречување на различни болести со стимулација на овој ген кај одредени органи.
Студијата открива дека АМПК во клетките на нервниот систем и органите за варење доведува до нивно побавно стареење. Со зголемување на активноста на АМПК научниците им овозможиле на клетките да го отфрлат „отпадот“, кој инаку доведува до стареење на клетката и нејзино оштетување при процесот на стареење.
Винските мушичкибиле користени при истражувањето бидејќи научниците веќе добро ги познаваат гените на овие инсекти и успешно можат да ги активираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.