| четврток, 6 декември 2018 |

Ригорозни контроли на скопскиот аеродром за аџиите поради страв од ебола

aerodrom-aleksandar-veliki_608_360

Поради еболата, на скопскиот аеродром „Александар Велики“ има ригорозни контроли за аџиите кои за десетина дена заминуваат за Саудиска Арабија. Во моментот двајца македонски граѓани работат во Нигерија која е ризична земја поради еболата.

Здравствените власти потенцираат дека посебно ќе се внимава на аџиите кои за десетина дена заминуваат во Саудиска Арабија. Веќе добиле совети и препораки за заштита од еболата, а на враќање врз нив ќе има засилени ригорозни  контроли.

– Таму ќе има концентрација на милиони луѓе, ќе има и од ризичните земји и затоа ние ќе обратиме посебно внимание оваа година при нивното враќање. Тие веќе добиваат вакцини од маларија и други заразни болести. При нивното враќање ќе има засилени превентивни контролни мерки – вели д-р Јадранка Костовска, член на Комисијата за заразни болести.

Што се однесува до граничните премини, здравствените власти упатиле известување до МВР доколку помине некој патник од ризичните земји да го известат државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top