| четврток, 6 декември 2018 |

Порошенко: Украина треба да остане во сегашните граници

Патоказите за мир, кои беа договорени минатата недела меѓу Украина и проруските сепаратисти, нагласуваат дека Украина е единствена суверена држава во сегашните граници, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко.

porosenko

На владина седница, која беше емитувана преку телевизија, Порошенко истакна дека примирјето склучено во источна Украина меѓу владините војски и бунтовниците е тешко за почитување, бидејќи според него „терористите постојано се обидуваат да ги предизвикаат воените сили на Киев“.

– Протоколот, кој беше потпишан во петокот во Минск предвидува воспоставување и заштита на укрианскиот суверенитет на целата територија на Донбас (во источна Украина), вклучувајќи ги и деловите, кои се под контрола на бунтовниците.

Порошенко додаде дека следната недела ќе внесе во Парламентот нацрт-закон за давање специјален статус на некои области во Доњецката и Луганската област, кои во моментов се под контрола на сепаратистите.

– Украина не направи никаков компромис, што се однесува до нејзиниот територијален интегритет. Не може да се разговара за некаква федерализација или некакво отцепување на источните области. Законот за времено автономно управување на Доњецката и Луганската област обезбедува статус, со кој тие области остануваат во Украина – нагласи тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top