Припадниците на Исламската држава по освојувањето на аеродромот во Рака, снимиле видео снимка во која му се закануваат на рускиот претседател Владимир Путин.
– Ова е порака за тебе Владимир! Ова е твој авион кој ти си му го пратил на Башар, а ние ќе го пратиме по тебе. Ние ќе ја ослободиме Чеченија и цел Кавказ. Твојот трон не е сигурен, твојот трон ќе падне кога ќе дојдеме по тебе, бидејќи Алах е на наша страна – му порачале џихадистите на Путин.
Од друга страна, рускиот претседател неодамна изјави дека руските вооружени сили се подготвени да се спротивстават на секаков вид агресија.
-Мислам дека никој не помислува да влезе во судир од големи размери со Русија. Сакам да потсетам дека Русија е една од водечките нуклеарни сили – нагласи рускиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.