| четврток, 6 декември 2018 |

Расте бројот на нови станови со намалени цени

градежен работникВо првата половина од 2014 година продолжи растот кај бројот на новоизградени станови во главниот град, следено од намалувањето на цената на недвижностите.

Билд.мк ја пренесува анализата на консултантската компанија ФОРТОН Македонија, каде во денеска објавената анализа се открива дека во периодот јануари – јуни 2014 година во делот на понудата се регистрирани 3.077 нови станови, при што скопската општина Аеродром учествува со повеќе од 51% од севкупната пазарна понуда.

Во идентичниот временски период е забележано снижување на просечната цена на становите за 2,4%, во споредба со втората половина од 2013 година.

Од консултантската компанија соопштуваат дека бројот на непродадени станови во првите шест месеци изнесувал 47,1% од завршените станови. Нивните очекувања се дека во периодот јули – декември 2014 година ќе продолжи намалувањето на просечните продажни цени, но со побавно темпо од досегашното. Понатамошен пад на цената на становите ќе има во општините Аеродром, Карпош и Чаир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top