Чешкиот писател Милан Кундера, кој од 1975 живее во Франција каде емигрирал, се противи на издавањето на роман инспириран од неговиот живот. Иако според издавачите, младиот чешки автор Мартин Јуна, во поднасловот на романот напишал дека фактите во текстот не треба да се сметаат за сериозни, сепак го испратиле до Кундера, кој подоцна преку своите адвокати побарал промена на името, насловната страница и на дел од содржината на книгата.
Работната верзија на романот со наслов „Смртта на писателот К.“ се менува во „Доживотен затвор“.
Кундера, кој е автор на познатите романи „Шега“, „Неподносливата леснотија на постоењето“ и „Бесмртност“, ретко ја посетува Чешка и не комуницира со тамошните медиуми.
За своите последни романи издадени на француски јазик, Кундера се уште нема дадено согласност за да се преведат на чешки.
Во октомври 2008 година, чешките медиуми ја објавија истрагата спроведена од Чешкиот Институт за студии на тоталитарните режими, според која наводно Кундера за време на студиите бил соработник на полицијата и го кодошел младиот чешки пилот Мирослав Дворачек, што предизвика голем интерес и појава на разни анализи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Промоција на романот „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева во Библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
„Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија – Кадер Абдолах