| четврток, 6 декември 2018 |

САД: Уапсен татко осомничен за убиство на пет деца

ilinois ubistvo
Човек осомничен дека ги убил своите пет деца во Јужна Каролина и потоа со часови возел за да ги фрли телата замотани во кеси за ѓубре е уапсен, соопшти американската полиција.
Тимоти Реј Џонс (32) обвинет е за злоставување на децата и полицијата очекува покренување дополнителни обвиненија во врска со смртта на децата, кои се пронајдени мртви покрај автопатот недалеку од Камден во Алабама.
Децата биле на возраст од една до осум години, а нивното исчезнување го пријавила нивната мајка на 3 септември.
Џонс имал заедничко старателство над децата со нивната мајка, од која е разведен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top