Градежната компанија „Бетон“, според неревидираниот и неконсолидиран биланс на успех, во 2012 година остварила нето-добивка за финансиската година во вредност од 44.661.000 денари.
Според финансиските извештаи на компанијата, објавени на страната на Македонска берза, се забележува дека оперативните приходи во 2012 година биле на ниво од над три милијарди денари, што е зголемување во однос на 2011 година кога тие биле на ниво од 2,5 милијарди денари.
Оперативните расходи во „Бетон“ во 2012 година достигнале околу три милијарди денари, што е за половина милион денари повеќе од претходната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.