Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала e регистриран денеска покрај бреговите на индонезискиот остров Сулавеси, соопшти Геофизичкиот институт на САД.
Епицентарот на земјотресот бил на 200 километри јужно од градот Манадо, кој се наоѓа во северниот дел на Сулавеси.
Засега нема информации за евентуални жртви или за причинета материјална штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.