| четврток, 6 декември 2018 |

Шумахер пуштен на домашно лекување

Поранешниот светски првак во трките за Формула 1, Михаел Шумахер ја напушти болницата во Лозана и е префрлен на домашно лекување.

Неговата менаџерка Сабине Кем изјави дека кај Шумахер е забележан „напредок во лекувањето“, но таа додаде дека пред него има „долг и тежок пат“ за опоравување.

Михаел Шумахер доживеа тешки повреди на главата по падот за време на скијањето на француските Алпи. Инцидентот се случи во декември минатата година, кога германскиот возач беше на зимски одмор со своето семејство.

Во јуни оваа година тој ја напушти болницата во Гренобл, каде шест месеци француските лекари го држеа во состојба на медицинска кома за да не се предизвикаат потешки оштетувања на неговиот мозок. По повлекувањето на тој третман, Шумахер беше префрлен во една специјализирана болница за рехабилитација во Лозана.

Од таму, славниот германски автомобилски тркач сега е прфрлен во неговиот дом во местото Гланд, кое се наоѓа на брегот на Женевското Езеро и е одалечено 40 километри од Лозана.

Шумахер е роден во 1969 година и седум пати беше светски првак во Формула 1. Последен пат победи во 2006 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top