Едно лице е повредено во пожарот што избувнал вчера околу 22.30 часот во автомобил марка Киа на паркингот пред зградата број 11 во скопската населба Ново Лисиче. Автомобилот е целосно уништен, а за сега нема информации за сериозноста на повредите на патникот и за причините за пожарот.
Брзата реакција на пожарникарите спречила поголема несреќа, затоа што автомобилот имал вграден плински уред поради што постоела опасност од експлозија.
фото: Прес24
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.