| четврток, 6 декември 2018 |

Се запали „возот на смртта“

roler koster

Дрвениот ролер костер во забавниот парк во Калифорнија, Сикс Флагс Маџик Маунтаин, стар 36 години, во понеделникот се запалил и делумно се урнал. Забавниот парк за време на несреќата бил затворен и никој не бил повреден, известуваат од управата на паркот.

– Ова не е нешто што го гледаме секој ден, изјавил инспекторот за заштита од пожари Скот Милер за Лос Анџелес Тајмс.

Од паркот рекле дека во моментот кога избил пожарот, работниците туку што планирале да го демонтираат ролер костерот за да го обноват.

Огнот го зафатил највисокиот дел поради што на врвот има голема дупка.

Ролер костерот, или популарно наречениот „воз на смртта“ е отворен во 1978 година, а со најавената реконструкција и додавањето на челични пруги требало да влезе во историјата како најдобар на светот.

Се уште не е познато какви последици од пожарот ќе има на обновата на 38 метри високиот воз на смртта на кој се снимани и многу филмски сцени. Ова е втор инциденто во овој забавен парк. Пред два месеци четири гости беа полесно повредени кога Нинџа костерот излета од шините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top