Во Велика Британија неделава треба да излезе во продажба биографијата на принцот Хари, „Принц Хари: Брат, Војник, Син“, во која авторката Пени Џуниор открива дека тој многу пател во текот на детството, што ги објаснува неговите сегашни чести испади и скитања.
Поголемиот дел од книгата е посветен на разводот на Чарлс и Дајана и влијанието врз Хари. Принцезата Дајана е прикажана во книгата во прилично лошо светло, како опсесивна и нестабилна мајка, склона да манипулира со чувствата на своите деца. Мајката на Хари и Вилијам наводно не криела од нив вонбрачните врски. Дури и им се исповедувала на синовите за своите љубовни проблеми. Според австралискиот сајт News.au, опсесивната и љубоморна Дајана, во неколку наврати и телефонирала на тогашната љубовница на Чарлс, Камила за да и се заканува.
Princ Hari je i u centru knjige koja treba ove nedelje da se nadje u prodaji u Velikoj Britaniji.
– Испратив некој да Ве убие. Тој е надвор, во дворот. Погледнете низ прозорецот! Го гледате?, наводно и порачала Дајана на Камила во еден разговор.
Кралското семејство се уште не реагирало на книгата за која се очекува да се крене голема прашина во јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лудо се сакале, со неа планирал венчавка: Зошто Челзи го оставила принцот Хари!
-
Брајан Адамс за врската со принцезата Дајана: Не се криев во палатата, едноставно одев кај неа (видео)
-
Скандал ја тресе Британија: Откриена долго чуваното мрачно минато на Камила Паркер!
-
Принцот Чарлс и војвотката Камила во официјална посета на Грција