Дрим-тимот на Соединетите Американски Држави ја прегази Словенија со 43 поени разлика и ја продолжи битката за светската круна на шампионатот во Шпанија. Моќниот состав на САД во полуфиналето ќе игра со Литванија, селекција што во премиерното чертврт-финале ја победи Турција со 73-61. Тој дуел беше многу понеизвесен, а Литванците го сктршија отпорот на големиот ривал во последната четвртина што ја добија со 26-17.
Сеибутис беше најрасположен и најефикасен на мечот со 19 поени, а одлична партија одиграа и Поциус со 13 и Валанчиунас со 12 поени и 10 скока. Кај поразениот тим Ѓонлум беше најефикасен со 13 поени, пред Арслан со еден поен помалку.
Американците го презентираа раскошниот талент и квалитет против Словенија, а мечот го добија рутински со преубедливи 119-76. Томпсон ги предводеше „ѕвездите“ од НБА со 20 поени, а Антонио Дејвис беше најснаодлив под обрачите со 11 скока. Кај Словенците браќата Драгиќ, Горан и Зоран постигнаа заедно 24 поени, но немаа расположени соиграчи за посериозен отпор против првиот фаворит за титулата на СП во Шпанија.
Утре во двете последни четвртфиналиња Србија ќе игра со Бразил, а домаќинот Шпанија ќе ги одмери силите со Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


