Домашното насилство, најмногу врз жени и деца, зема повеќе жртви од војните и изнесува над осум трилиони долари годишно, покажува истражување на научници од Оксфорд и Стенфорд.
Истражувањето, за кое двајцата автори Анке Хофлер од Оксфорд и Џејмс Фиеран од Станфорд тврдат дека е првиот обид за пресметување на глобалните трошоци од насилството, ги повикува ОН да обрнат повеќе внимание на домашното насилство.
– На секој човек, кој загинал во граѓанска војна, има девет лица кои се убиени во меѓучовечки конфликти – се вели во извештајот.
Хофлер и Фиеран пресметале дека насилството во светот, почнувајќи од домашното и се до војните, чини 9,5 трилиони долари годишно, при што тие загуби се главно од неоствареното економско производство и се изедначуваат на 11,2 проценти од светскиот БДП.
Граѓанските војни во светот во последните 20-25 години чинеле околу 170 милијарди долари годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



