| четврток, 6 декември 2018 |

Екстремистите од ИСИЛ војуваат со американско оружје и ракети од ЈНА

За скапото оружје и воена техника кои џихадистите во текот на летото ги запленија од војската на Ирак веќе поприлично се пишуваше. Екстремистите, повеќе припадници на Исламската држава на Ирак и Сирија која потоа прогласи калифат, по социјалните мрежи се фалеа со својот богат плен: од американските повеќенаменски возила хамви, до тешка артилерија и хаубици, пишува „Базфид“.

IRAQ-UNREST

Многу помалку внимание му се посветува на оружјето кое на џихадистите, кои го продолжуваат својот поход во делови од Ирак и Сирија, најверојатно им е најкорисно: малото оружје, како јуришни пушки и пиштоли, кои им се потребни на сите борци.

За да утврдат какво оружје користи ИС, експерти на британската компанија Конфликт армамент рисрч, Демиен Сплитерс и негови колеги во јули ја посетиле Сирија. Од 17 парчиња од списокот на оружје што ИС го користи во Сирија, шест се од американско производство. Од тие шест, пет се најверојатно од резервите кои ИС ги запленија во Ирак а кои САД ѝ ги испорачале на американската војска во рамки на програмата за вооружување и обука на ирачката војска вредна повеќе милијарди долари.

Експертскиот тим дошол до уште едно важно откритие: ИС поседува и моќни противтенковски ракети произведени во поранешна Југославија! Како што се дознава, ракетите на сириските бунтовници во 2013 година им ги испорачувала Саудиска Арабија, еден од главните поддржувачи на ИС и сојузник на Американците.

Пренесено од МКД

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top