| четврток, 6 декември 2018 |

Што не треба да правите кога летате со авион

Шеснаесет отсто од патниците секогаш го спуштаат седиштето во авионот, 20 отсто тоа најчесто го прават, 14 отсто на половина од патувањето сакаат да го спушат седиштето, 30 отсто тоа го прават понекогаш, а 20 проценти никогаш не го спуштаат седиштето.

Ова се резултатите од анкетата, која ја спроведе сајтот „Fivethirtyeight“ на примерок од 1.040 лица со цел да утврди што се луѓето сметаат дека е пристојно, односно непристојно при патувањата со авион.

Четириесет и еден отсто од патниците сметаат дека е некултурно да се спушта седиштето во авионот. Будењето на патникот, кој седи до вас за да го напуштите седиштето може да се интерпретира како крајно некултурно, но и како оправдан чекор, во зависност од причината.

Триесет и седум отсто од патниците сметаат дека е некултурно да го разбудите патникот до вас доколку ви е потребно да заминете во тоалет.

Изненадувачки голем процент од анкетираните не одобруваат родителите да патуваат со детето, за кое знаат дека е немирно, речиси 82 отсто.

Анкетираните биле значително понаклонети кон бебињата, а нивната реакција зависи пред се од тоа дали и тие имаат деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top