| четврток, 6 декември 2018 |

Се разбудил од кома и почнал да зборува кинески (видео)

Бен МекМахон (22) од Австралија доживеал страшна сообраќајна несреќа и после недела дена, кога се разбудил од кома, почнал да зборува на кинески потполно заборавајќи го англискиот јазик.

Кога се разбудил Бен, ја видел медицинската сестра и на кинески и рекол каде точно чувствува болка, а потоа потражил парче хартија на кој напишал: „Јас ја сакам својата мајка, го сакам својот татко, јас ќе се опоравам.“

Неговиот нов начин на говор ги изненадил сите, почнувајќи од родителите па се до докторите.

– Примив телефонски повик од болницата и сестрата ми рече дека Бен се разбудил од кома и дека почнал да зборува на мандарински јазик- рекол Марко, таткото на Бен и додал дека тоа го зачудило, затоа што и покрај тоа што тој го учел тој јазик, никогаш не го зборувал течно.

– Не бев свесен дека почнав да зборувам на кинески јазик, но после се, сега тоа е нешто најприродно за мене- истакнал Бен кој после сообраќајната несреќа потполно се опоравил.

Сега кога потполно се опоравил од несреќата, младото момче од Мелбурн се преселил во Шангај каде студира трговија. Отворени му се можности да работи како туристички водич, но и да биде водител на една кинеска телевизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top