| четврток, 6 декември 2018 |

Се отвора реновираниот и модернизиран Детскиот креативен центар во МКЦ

unnamed

В среда, на 10. септември, УСАИД Македонија и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – Македонија официјално ќе го отворат реновираниот и модернизиран Детски креативен центар при Младинскиот културен центар – Скопје. Центарот е реновиран со финансиска поддршка од УСАИД, во рамки на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“.

Библиотека за најмладите ученици, математичко катче, ликовно и театарско катче, мултимедијални дидактички помагала се само дел од содржините кои ќе ги нуди центарот. Тие ќе се достапни на учениците, кои заедно со своите наставници и родители ќе можат низ игра да научат многу нови работи и да се забавуваат.

unnamed (1)

Проектот „Со читање до лидерство“ има за цел да ги зајакне јазичните и математичките вештини кај учениците од почетните одделенија од основното образование, како и начините на кои истите се мерат од страна на наставниците. Проектот соработува со Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар и други образовни институции и ќе има за цел да ја подобри проценката на јазичните и математичките вештини кај учениците од почетните одделенија, зајакнување на педагошките вештини на наставниците, особено вештините за формативно оценување и проценка на нивото на јазична и математичка писменост кај учениците, и подигање на свеста кај целата заедница за важноста од јазична и математичка писменост во интелектуалниот развој на децата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top