Сериозна, испланирана акција од разузнавачки карактер, која се потпира не само на моќта на провладините медиуми, туку и на контакти на тајната полиција со луѓе од и околу раководството на СДСМ, има за цел да се урне кредибилитетот на Зоран Заев, да се создаде раздор во раководството, да се прикаже дека лидерот е „изолиран“ и да се искомпромитираат познати јавни личности и новинари. Таргетот овој пат е Заев лично, пишува весникот „Слободен печат“, кој важи за близок до опозицискиот СДСМ. Весникот обвинува дека власта подготвува „нова хајка против Владимир Милчин и критички настроените медиуми“, водејќи се според интервју на премиерот Груевски.
За неделникот „Република“ премиерот претходно изјави дека „луѓе, кои располагаат со фондови преку кои финансираат новинари, медиуми, квазиинтелектуалци, имаат своја мрежа на активисти и влијание, свои инспиратори“. Според Груевски, целта на ова сценарио е лидерот на опозицијата да се држи под притисок и да не му се дозволи самостојно да ја води партијата.
Очигледно, според досегашниот развој на настаните, советниците на Заев се препознаа, па сега му создаваат лажна перцепција дека наводно разузнавачки служби нив ги напаѓаат бидејќи биле закана за Груевски и биле премногу силни. Во суштина, овие луѓе се истите тие кои постојано го потценуваат Зоран Заев. Истите тие веќе со години се дел од политичкото дејствување на СДСМ, и истите тие се дел и од сите поразителни сценарија и дебакли на опозициската партија, меѓу кои и последниот изборен, кој беше со повеќе од 200.000 гласови разлика, пишува Нетпрес.
Големиот немир во редовите на советниците на Заев настана откако беше објавена информација дека првиот човек на фондацијата Институт отворено општество, Владимир Милчин, при делењето на грантовите за медиумите одредувал и кој да пишува колумни за тие медиуми кои тој ги финансира. Ова го објави Саше Ивановски, кој го раководи интернет сајтот „Мактел“, и кој своевремено доби пари од Милчин. Ивановски го опиша своето непријатно искуство со Милчин, кога му предложил луѓе за колумнисти на неговиот сајт.
– Тој не ми ги одобри колумнистите Виктор Трифуновски, Тони Науновски и Хелена Роза. Виктор многу зборувал и пишувал против Сорос, Тони бил националист, а Хелена пишувала на теми кои не биле важни за Сорос. Мене пак целта ми беше со Хелена да привлечам публика која сака трач и слободни лајф теми, со Тони сакав да ги привлечам талибанските лудаци на сајтот па да ги едуцираме и да им влијаеме некако да се смират мамето да им го е*ам лудачко, а Виктор пак сакав да даде поинаков шмек знаејќи дека тој е закоравен либертаријанец – анти левичар, поборник за слободоен пазар, укинување на социјална помош, субвенции, даноци итн итн, напиша Ивановски.
По ова, преку социјалната мрежа „Фејсбук“, се огласи и Бранко Героски, кој напиша:
САШЕ ПОЛИТИКО ДО ШЕФ МУ ГРУЈО
Опозицијо, или, што би рекол момчаков – ебате тоа опозицијо! Дај бе читај малку како оди комуникацијава на маоистиве со Грујо. Насловот на најновата бисерна колумна на Саше Политико:„Е па Грујо, ако зависноста на СДСМ од Сорос фондацијата е проблем за Македонија, реши го проблемот бе шефе, остави да се развие некој медиум на раат, дај од владиниот колач и на тој медиум, не биди ебен лицемер ебати тоа диктаторот!“
Е сега, сфаќате ли кого Сашенце есапи за шеф? Ај, Саше не е битен, ама бриферите не му се баш небитни. И тие изгледа Грујо го есапат за шеф. Ау, како ќе ја спукаме наскоро! Со нив, не со Сашулево.И сега, се прашувам, ќе му даде ли шефот Грујо на момчаков да се развие, бе? Да лапне од колачот? Или можеби лапнал веќе, а?Дај му, Грујо! Да залапа. Види само како ти тепа – те вика “шефе”, ебати тоа диктаторот лицемерен! Хахахахахаха…
Интересно е што по бранувањата во редовите на опозицијата, кои ги предизвика нивниот новинар Ивановски, вчера веднаш реагираше и порталот на Героски „ПлусИнфо“, со обид да ја спинува целата работа, односно со текст во кој вели дека наводно сериозна, испланирана акција од разузнавачки карактер, која се потпира не само на моќта на провладините медиуми, туку и на контакти на тајната полиција со луѓе од и околу раководството на СДСМ, има за цел да се урне кредибилитетот на Зоран Заев, да се создаде раздор во раководството, да се прикаже дека лидерот е „изолиран“ и да се искомпромитираат познати јавни личности и новинари.
Всушност истиот овој текст, објавен е во денешното издание на весникот „Слободен Печат“, кој исто така го раководи Бранко Героски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.