| четврток, 6 декември 2018 |

Израел бара соработка на западните разузнавачки служби против заканата од Исламската држава

Израелскиот министер за одбрана Моше Јалон повика денеска за соработка меѓу западните разузнавачки служби во борбата против џихадистите од Исламска држава (ИД).

dzihadisti_terorirsti-650x396

– За да ја спречиме и победиме ИД, ние научивме по 11 септември, дека треба да постои соработка меѓу западните разузнавачки служби, дека е потребна размена на информации и оперативна соработка во некои области – истакна Јалон.

Тој смета дека „западниот свет досега се покажал премногу толерантен кон терористичките организации и кон земјите кои го поддржуваат тероризмот, како на пример Иран“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top