| четврток, 6 декември 2018 |

За четири дена 39 сообраќајки на подрачјето на Скопје

Во текот на изминатите четири дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 39 сообраќајни незгоди.

soobrakajka-aaa

Во петокот, на 5 септември, извршен е увид на вкупно 14 сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и девет со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле 16 лица.

Се случила и една незгода со тешки телесни повреди. Истата се случила во 11 часот на бул. „Гоце Делчев“ со крстосницата од ул. „Лазар Личеноски“ во која учествувало патничко моторно возило „голф“ со кумановски регистарски таблички и пешак, граѓанин на Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и истиот со возило е пренесен во Ургентниот центар.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште четири незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во саботата, на 6 септември, извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди. Од нив, една е со последица материјална штета и 11 со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле 19 лица.

Се случила и една незгода со последица тешки телесни повреди во 17 часот и 10 минути на крстосницата од ул. „Ресенска“ со ул. „Втора македонска бригада“ во која учествувале патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и мопед со скопски регистарски таблички, управуван од граѓанин на Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случена е уште една незгода со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во неделата, 7 септември, извршен е увид на вкупно пет сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и една со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патнички моторни возила и двајца сопатници.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случена е уште една незгода со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во понеделникот, 8 септември, извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди од страна на сообраќајната полиција. Од нив, четири се со последица материјална штета и две се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле четири лица.

Се случила и една незгода со последица тешки телесни повреди во 13 часот. Во незгодата учествувале патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и мопед со скопски регистарски таблички, управуван од граѓанин на Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top