| четврток, 6 декември 2018 |

Добри вести за Барселона

Фудбалерите на Барселона Лионел Меси, Андрес Иниеста и Томас Вермален почнаа со тренинзи со екипата и ќе бидат подготвени за натпреварот против Атлетик Билбао наредниот викенд.

На официјалната интернет страна на клубот е соопштено дека повредените Меси, Иниеста и Вермален наскоро ќе добијат зелено светло за враќање на теренот.

Иниеста имаше проблеми со коленото, а Вермален кој ова лето дојде од Арсенал и понатаму го мачи повредата на препоните.

Натпреварот Барселона Атлетик Билбао се игра во сабота од 16 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top