
На Модниот викенд во Скопје чие есенско издание ќе се одржи од 23 до 27 октомври годинава ќе гостува познатата британска модна уредничка Ребека Рој која Моден викенд Скопје и Британски совет во Македонија ја носат во рамките на десеттото издание. Рој во истиот период ќе одржи петдневна работилница за модни блогери и фотографи.

Рој е британска стилистка, блогерка, модна уредничка и креативна консултантка со седиште во Лондон. Нејзиното влијание во областите на стајлингот, културата и модата се добро познати од нејзиниот личен блог но и како моден уредник за британските изданија на “The Untitled Magazine” и “Disorder Magazine”. Тоа што ја прави неjзината работа уникатна е умешноста за комуникација на идеи, соработување на проекти од секаков вид и обединување на различни влијанија во нејзината работа. Рој има повеќегодишно искуство како член на жирито на глобалните модни награди и панелист на модниот самит на “Drapers”. Таа исто така е дел од Советничкиот Комитет за Индустрија во Лондон и Одборот за доделување на награди на „Фешн скаут“. Нејзиното портфолио на клиенти е многубројно и разнолико, вклучува големи брендови, а работи и со млади и современи дизајнери, како и со познати личности и манекенки меѓу кои и Били Ајдол и Кејт Мос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


