Кармен Електра вчеравечер ја гледаше ревијата на Вивиен Там, каде буквално ги засени манекенките.
Иако од далеку изгледаше како ѕвездата од некогаш најпопуларната серија „Чувари на плажа“ е закопчана до грло, Кармен Електра прати мошне ризичка модна порака.
Црвениот фустан кој го одбра 42 годишната актерка покажуваше премногу. Црната долна облека ѕиркаше низ чипканите, провидни делови на фустанот припиени на телото на славната Американка.
Секако, за припадничките на поубавата половина ваквите случувања бараат чевли со високи потпетици. Оваа модна заповед Кармен ја исполни избирајќи црно-црвен модел со отворени прсти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.