| четврток, 6 декември 2018 |

Се омажи Нил Патрик Харис (ФОТО)

Со тајна церемонија во Италија, американскиот актер Нил Патрик Харис, најпознат по улогата на Барни во „Како ја запознав мајка ви“ и неговиот партнер Дејвид Буртка, ја озаконија нивната десетгодишна врска.

– Погодете што? Јас и Дејвид се зедовме викендов во Италија – напиша тој на Твитер споделувајќи фотографија од венчавката.

Своја улога во венчавката имале и нивните тригодишни близнаци Харпер и Гидеон, а настапувал нивниот близок пријател Елтон Џон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top