| четврток, 6 декември 2018 |

Почина најпознатиот Кубанец во Скопје

Кубанскиот перкусионист Оскар Салас кој последните неколку години живееше во Македонија, почина во САД од последиците на тешката болест која неодамна му била дијагностицирана во Скопје.

Салас настапувал и свирел на сите континенти со врвни уметници од музичката индустрија како Дејвид Брн, Пол Берер, Џорџ Портер Јуниор, Питер Грејвс, Марлена Шов, Патато Валдез, „Брекер брадрс“, а беше дел и од познатиот состав „Кјубан леџендс“.

Родната Хавана ја напуштил само на девет години и се преселил во Мајами. Тогаш и ја откри неговата страст кон конгите. Кога имал само 15 години веќе почнал да влегува во професионалните води. Изминативе неколку денцении животот го мина шетајќи и настапувај на сите континенти. Има соработувано со светски познати ѕвезди од ковот на Дејвид Брн, Пол Берер, Џорџ Портер Јуниор, Питер Грејвс, Марлена Шов, Патато Валдез, „Брекер брадрс“, а беше дел и од познатиот состав „Кјубан леџендс“.

Во Македонија дојде на покана на македонскиот музичар Тони Китановски, Салас пристигна во Македонија во 2011 година поради музички проект. Тоа беше неговата прва посета на Македонија, земјата му се допадна и остана да живее во неа.

„Делчето што ми недостигаше во животот, го пронајдов токму тука. Запознав многу добри пријатели, со кои знам дека ќе се дружам до крајот на животот. Освен тоа, Скопје во многу сегменти ме потсетува на родната Хавана, па веднаш ми се сви при срце“, рече во една пригода Салас.

Соработуваше со голем дел од македонските музичари, а најмногу со Тони Китановски и „Черкезите“.

Во 2013 година Скопскиот џез фестивал го издаде неговиот албум „Unfinished Business“, кој самиот Салас го окарактеризира како албум во кој се огласуваат неговите афрокубански и американски корени, и во кој се насетува неговата љубов кон балканската, особено кон македонската традиционална музика.

Почина на 60 години, веднаш по враќањето во САД откако во Македонија му беше дијагностицирана тешка болест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top