Европското првенство во кошарка во 2015. година ќе се одржи во Хрватска, Германија, Летонија и Франција, одлучи ФИБА Европа.
Оваа одлука беше донесена на денешниот состанок на ФИБА Европа во Барселона, а градови домаќини во групната фаза ќе бидат Загреб, Рига, Берлин и Монпеље.
Завршниот дел од натпреварувањето ќе се одржи на стадионот во Лил, кој е со капацитет од 28 илјади места.
Домаќин на Евробаскетот во 2015. година требаше да биде Украина, но се откажа поради воените дејствија на нејзината територија.
ФИБА Европа, исто така, одлучи Украина да биде домаќин на Евробаскетот во 2017. година, доколку се реши политичката ситуација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


