| четврток, 6 декември 2018 |

Американската елита на погребот на Џоан Риверс (ФОТО)

Доналд Трамп, Вупи Голдберг, Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик, се само дел од познатите личности кои изразија почит на прошталната церемонија за американската комичарка и водителка Џоан Риверс, кој вчера се одржа во Њујорк.

Секој на свој начин го кажа последниот поздрав. Радио-водителот и комичар Хауард Стерн одржа говор, бродвејската актерка Одра Мекдоналд ја испеа „Smile“, а гајдарите од Њујоршката полиција ја свира „New York, New York“. Њујоршкиот  хор испеја повеќе хитови од Бродвеј , меќу кои и „Hey Big Spender“, а за крај на церемонијата, Хју Џекмен ја испеал „Quiet Please, There’s a Lady On Stage“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top