| четврток, 6 декември 2018 |

Му ја искршиле гостилницата зошто сакал да затвори

policija-lenti

Утрово околу  три часот и триесет минути во полициската станица Чаир, Ч.Ф.(49) од Скопје,  пријавил  дека  околу  еден  часот и триесет минути на  ул„Александар  Урдаревски“ бб во ТЦ „Живко  Брајковски“, во угостителскиот  објект „Гуне“, додека бил на своето работно место, му се приближиле Ф.Н. од с.Сингелиќ и  неговиот брат и истите почнале да го навредуваат.

Причината било тоа  што Ч.Ф. сакал гостилницата да ја затвори и на музиката и рекол да прстанат со свирењето, по што Ф.Н. извадил нож и му се заканил.

Од страв да не биде повреден, Ч.Ф. избегал во  населбата Бутел, по што напаѓачот заедно со брат му почнале да го бркаат.

Откако не успеале да го фатат, се вратиле во гостилницата и го искршиле целиот инветар.

Увид на лице место извршила увида екипа на СВР-Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top