Што прават светските лидери по завршувањето на нивниот мандат, а што прават македонските политичари откако ќе се повлечато oд политичкиот живот, или поточно, зошто нашите “државници“ ништо не прават и никаде ги нема, анализира Курир.мк
Додека поранешните светски државници учествуваат во хуманитарни акции, собираат помош за разни природни катастрофи, донираат за училишта во загрозени подрачја, од нашите екс политичари, ниту трага, ниту глас кога ова е во прашање.
Шеф на држава и претседател на влада сигурно се најпосакуваните функции на секој еден политичар, функции кои со себе дури и по завршувањето на мандатот носат низа права и бенефиции, но и обврски и одговорности кои очигледно не се познати за нашите поранешни политичари.
Низа примери од Европа и светот покажуваат дека светските лидери знаат и по завршувањето на својот мандат да се вклучат во разни хуманитарни акции од кои корист ќе имаат обичните луѓе, па со своето влијание и моќ на еден понеформален и похуманитарен начин да придонесат за надминување на одредени проблеми или пак помош за оние на кои им е најпотребна.
Американските претседатели помагаат на различни начини
Живот после мандатот во Белата куќа. Поранешните американски претседатели се чини дека се совршен пример за тоа како треба да делува еден политичар по завршувањето на неговиот мандат, преку учество во разни хуманитарни акции со кои ќе се обезбеди најразлична помош.
Бил Kлинтон ја води „Kлинтоновата глобална иницијатива“. Заедно со Џорџ Буш собраа огромни парични средства како помош за Хаити по катастрофалниот земјотрес. И Џорџ Буш и Бил Клинтон ја посетуваат Африка каде се залагаат за отворање на училишта.
Челичната лејди на Велика Британија, Маргарет Тачер својата мисија не ја заврши со завршувањето на нејзината премиерска функција. Таа ја отвори Фондацијата Маргарет Тачер, а зад себе остави книги, одржуваше говори и предавања. Поранешниот британски премиер Тони Блер ја основа фондацијата која го носи неговото име, а оваа година беше прогласен за филантроп на годината, поради заложбите во и надвор од неговата земја. Поранешниот шпански премиер Хозе Марија Азнар во 2004 година замина од позицијата премиер на Шпанија, потоа беше главен иницијатор на партискиот институт ФАЕС, кој беше главната фабрика за идеи, платформи и политики на Народната партија. Азнар беше предавач на повеќе врвни универзитети во САД и во Европа.
Што прават нашите поранешни “државници“?
Долг е списокот со поранешни светски претседатели и премиери кои на конструктивен начин останале ангажирани во јавната сфера. После ова, се поставува прашањето што прават нашите поранешни политичари по завршувањето на нивниот мандат и зошто и тие по теркот на нивните колеги од Европа и САД не учествуваат во одредени хуманитарни акции, не се дел од никакви донаторски фондации и на никаков начин не ја искористуваат својата моќ и влијание за да им помогнат на обичните луѓе.
Поранешниот шеф на државата и поранешен премиер Бранко Црвенковски стана најмлад пензионер. Со највисока пензија од над 80 илјади денари, Црвенковски ужива во оваа улога, без притоа на било кој начин да се ангажира во некаква хуманитарна или донаторска акција, по примерот на светските политичари чиј мандат истекол.
Последно што памети македонската јавност од појавување на Црвенковски во јавноста е дружбата со водителката Нора Шакири во еден елитен скопски ресторан во Аеродром на почетокот од месец јуни годинава.
По повлекувањето од политиката, јавноста не памети била каква активност на Црвенковски која би била налик на она што го прават претходно споменатите светски политчари чиј мандат истекол.
Слична е ситуацијата и со поранешниот премиер Љубчо Георгиевски. Освен тоа што ќе се појави на некоја телевизиа од соседните земји со искази кои директно и наштетуваат на македонската држава, јавноста не памети дека Георгиевски имал било каква активност која би можела да се спореди со она што го прават претгодно споменатите политичари кои останале активни и да им помагаат на граѓаните преку учество во разни хуманитарни акции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Георгиевски: Името Македонија повеќе ја загрозува Бугарија отколку било која географска додавка
-
Бугарите го нападнаа Љубчо: Не барај „војводо“ прошка од Грците за она што им го даде додека беше на власт
-
Љубчо Георгиевски со остра реакција кон Стојан Андов: Името ВМРО го ставивме поради таквите како тебе!
-
Љубчо Георгиевски за случајот „Смилковско езеро“: СДСМ повторно се има фатено во оро со ѓаволот